Холивудскиот актер Џим Кери наводно планирал да се ожени со својата 20 години помлада девојка, руската студентка Анастасија Виткина. Парот бил заедно само пет месеци, но Џим Кери наводно одлучил дека му е време да се ожени на својот 50. роденден.
Британските медиуми шпекулираат дека актерот едвај чека да ја запроси Виткина, која ја запознал во октомври минатата година во Њујорк. Ова ќе му биде трет брак на актерот. Тој бил во брак со келнерката Мелиса Вомер од 1987 до 1995 година, со која има ќерка, и една година со актерката Лорен Холи.