Актерот на својот Твитер профил ги известил обожавателите дека ја прекинал петгодишната врска со поранешната зајачица на Плејбој Џени Мекарти. И се заблагодарил на сите прекрасни моменти кои ги доживеал со неа и и’ посакал многу среќа во животот. Џени исто така објавила дека таа и актерот ја прекинале врската.
Рекла дека Џим секогаш ќе и биде драг и дека секогаш ќе има посебно место во нејзиното срце. Актерот неодамна станал дедо. Неговата ќерка Џејн Кери го донела на свет синот Џексон Рајли, а гордиот дедо веста ја објавил на Твитер.