Џим Кери за време на едно телевизиско интервју за малку не се расплакал кога се присетил на сиромаштијата и тешкото детство. Актерот отворено проговорил за тешкото детство во Канада со мајката Кетлин и таткото музичар Онтарио. Биле семејство кое припаѓало на средниот сталеж, но тешкиот живот го почувствувале кога неговиот татко останал без работа на 51 година.
Тоа бил голем шок за семејството на актерот. Џим бил принуден да најде работа која би можел да ја работи по завршувањето на часовите на училиште. Така тој секојдневно работел во фабрика. Неговото семејтво извесен период дури и морало да живее во комбе, а работеле како чувари на куќи.