Џим Кери и рекол на Џени МекКартни дека нема да се ожени со неа, но и понудил околу 3 милиони долари за секоја година помината со него. Во замена за тоа, таа требала да молчи за сите негови чудни навики.


Еден негов пријател изјавил дека доколку не му се допаѓате, Џим нема да се поздрави со вас и ќе ве гледа како да сте од друга планета. Се заклучувал во својата соба и се молел со статуата на Буда по цели денови. Со денови лежел во креветот и не јадел ништо, додека Џени го молела да се истушира и да земе нешто да јаде.