Српскиот тренер Александар Џикиќ (42) во наредните две години ќе ја предводи кошаркарската репрезентација на Македонија. За селекторот главна цел е добар настап на квалификациите и пласман на Евробаскетот во Украина 2015 година.

 

„Мислам дека во голема мера зависи од ждребката, но независно од тоа, Македонија има квалитет и има тим кој може да оди во Украина. Тоа е првата и главна цел во овој момент. За Украина можеме да зборуваме откако сето ова ќе заврши. Дотогаш, мислите ни се единствено на квалификациските натпревари. Секое долго патување почнува со првиот чекор. Сакам да одиме полека, но сигурно“, рече новиот селектор.

Селектотор кој допрва ќе прави анализи најави напорна работа но ни насилно подмладување на тимот. “Подмладувањето е процес кој што е нормален и кој што треба да оди постепено и плански и тоа истовремено да не се одрази на резултатите. Ќе разговараме со сите кошаркари и никого не сакам да отпишам предвдеме. Јас и досега редовно ги следев македонските кошаркари низ настапите за своите клубови и мислам дека имаме добра појдовна точка за да одиме напред“, изјави Џикиќ.

Александар Џикиќ кој доаѓа на местото на Алеш Пипан рече оти не се чувствувам како странец и дека ќе направи се да ја оправда довербата која ја доби од луѓето од Федерацијата.