Александар Џикиќ е нов селектор на сениорската кошаркарска репрезентација, вака одлучи Стручниот совет во Кошаркарската федерација на Македонија.
42 годишниот стратег, кој моментално е со ангажман во словенечка Крка ќе биде трет странец на клупата по Јовица Арсиќ и Алеш Пипан.
Српскиот тренер, од сега селектор на Македонија пред себе ќе има планина за искачување бидејќи ќе треба да ја одведе Македонија на Европското првенство во Украина без помош од Перо Антиќ, Тодор Гечевски и Владо Илиевски.
Мх.П.