Никола Илиевски – Џиџи не е повеќе тренер на Вардар. Поранешниот селекторот на А репрезентацијата после поразот од Пелистер 1-0 во дерби пресматката изјави дека тоа го прави за доброто на клубот, а не од лични причини.

– Поднесувам оставка за доброто на клубот. Да не биде на удар клубот поради матните игри кои се вртата позади мене и поради констатното лошо навивање кон мене од навивачите – рече Џиџи.

Тој на клупата од Вардар дојде во зимскиот преоден рок, а го наследи Боби Милевски. Ветуваше европски Вардар и засилувањата ги најавуваше дека ќе бидат минимум три пати поквалитетни од староседелците.

Но, тоа не се оствари “црвено црните“ во неизвесност ја доведоа титулата во Првата лига откако полусезоната ја завршија со предност од шест бодови пред второпласираниот Хоризонт Турново.

Мх.П.