Очигледно гласините за нивното раскинување беа само лажна тревога. Џиџи Хадид и Зајн Малик ги демантираа гласините, кои се појавија минатата недела, со заедничка прошетка низ Њујорк. Иако се шпекулираше дека пејачот и го скршил срцето на убавата манекенка, изгледа дека тие двајца успеале да ги пребродат сите проблеми.
„Џиџи многу го сака Зајн и сака работите меѓу нив да успеат“, откри извор близок на парот, кој потврди и дека парот во овие неколку месеци, иако многу пати раскинувале, веднаш потоа се смирувале и продолжувале да уживаат во врската.
Џиџи и Зајн ги поминале последниве неколку дена во Њујорк, каде разговарале и ги решиле проблемите, а заклучокот е дека и двајцата ќе се потрудат врската да успее. Наводно, најголемиот проблем бил недостатокот на комуникација. Џиџи наводно била таа која раскинала последниот пат, а на тоа претходела големата расправија на нејзиниот роденден.
Пред Зајн, кој после заминувањето од бендот „One Direction“ започна многу успешна соло кариера, Џиџи беше во врска со уште двајца пејачи Џо Џонас и Коди Симпсон.
OhridNews
Извор:Zazabava.com