Не е тајна дека супермоделот Џиџи Хадид преферира музичари, а после врската со Џо Џонас, оваа убавица е видена во прегратките на Зејн Малик, некогашниот член на групата “One Direction”. Како што наведува таблоидот „ОК“, манекенката и музичарот се на почетокот на својата врска, а Зејн е прво момче на Џиџи откако раскина со Џо Џонас.

 

Така папараците успеаја да ги фотографираат после доделувањето на американските музчики награди, кога уживале во друштво еден покрај друг. Извор близок до новопечениот пар ја потврди оваа информација за американските медиуми. Изворот вели дека сеуште се на почетокот од врската, и дека допрва ќе видат како нештата ќе се развиваат. Манекенката пред Малик се забавуваше со музичарот Џо Џонсон, додека Зејн беше во врска со колешката Пери Едвардс.