Во пролетната колекција на модната куќа Версаче за 2016 година Џиџи Хадид доби централно место. На една од многуте фотографии, позира на работ од стол, носејќи комбинација во зелена, жолта и црна боја со динамични шари. Изгледот е потполно надополнет со шарени, впечатливи сандали со високи потпетици. Манекенската ѕвезда во подем, со сериозен израз на лицето, позираше заедно со моделите Ракел Зимерман и Наташа Поли.

 

Судејќи според првичните реакции, ова нема да биде последен пат Џиџи Хадид да соработува со легендарниот моден бренд. Имено, Донатела Версаче на својот Инстаграм профил откри дека е потполно воодушевена од оваа манекенка, а според првите реакции на фотографиите, може и да се заклучи зошто.