Романсата на убавата манекенка Џиџи Хадид и поранешниот член на групата “One Direction” Зејн Малик, одлучи да ја овековечи и славниот Вог. Иако Џиџи и Зејн се заедно само неколку месеци, станаа вистинска славна двојка, а се шушка дека наскоро би можеле да лансираат и заедничка модна колекција. Долгоногата блондинка и црнокосиот заводник се ѕвездите на новиот американски Вог, кој ги однесе на снимање во Италија, поточно во Неапол.

 

Фотографиите кои ги сними Марио Тестино се инспирирани од оваа романтична земја, па така Џиџи и Зејн се возеа на скутери и позираа пред волшебниот поглед на италијанските куќи и морето. Атрактивниот пар на фотографиите носи креации на брендови како што се Сен Лорен, Викторија Бекам, Марк Џејкобс и други. Младиот пар на фотографиите изгледа навистина среќно, а обожавателите сигурно ќе се радуваат на фотографиите на кои поп ѕвездата и манекенката се бакнуваат.