Додека другите славни парови грчевито се кријат од очите на јавноста, Џиџи Хадид и Зејн Малик својата љубов ја покажуваат на сите. Откако снимиле интимни снимки за музичкиот спот за песната ‘Pillowtalk’ на Зејн, парот сега гордо им покажува на сите дека нивната врска веќе е во стадиум на дружење со семејствата. Така Џиџи својот роденден прво го прослави на Коачела со Тејлорс Свифт, а потоа и со своето и семејството на Зејн на Калифорнискиот брег.

 

Парот се пофали на Инстаграм со повеќе фотографии, а помладата сестра на Џиџи, манекенката Бела Хадид објави фотографија од својата мајка, поранешната манекенка Јоланда Хадид, како лежи на плажа. Малик позираше и со своето семејство, мајката Триша и сестрите Донија, Валиха и Сафа.