Клучниот момент во врската кај славните парови е првото појавување на црвениот тепих. Зејн и Џиџи тоа одамна ни го потврдија. Прво со спотот за првиот сингл на Зејн „Pillow Talk“ во кој не ги тргаат рацете и усните еден од друг, па потоа со заедничкото фотографирање за списанието Вог, и еве, на крај, со првото појавување на црвениот тепих на Мет Гала балот.
Некогашниот член на групата „Оne Direction“ и неговата девојка супермодел за оваа прилика облекоа коборг аутфити кои одговараа на темата на вечерта, а која гласеше „Модата во времето на технологијата“. Со рака во рака се појавија во Њујорк на свечената вечера и уште еднаш ја потврдија својата голема љубов.