Џиџи Хадид е манекенка која ја засака целиот свет во спотот на Келвин Харис “How deep is your love”, кој и официјално е најпопуларен спот за 2015 година, со повеќе од 378 милиони прегледи. Џиџи има само 20 години и многу успешна манекенска кариера, а нејзиното богатство веќе се мери во стотици илјади долари.

 

Откако ја имаше главната улога во овој спот, се појави во голем број модни кампањи и носеше модели на најпопуларните светски дизајнери. Сега целосно се разголе за својата прва насловна страница на парискиот Вог. Како што се пошегува и самата, Џиџи носи само парфем, од што се воодушевени многумина, бидејќи има тело како змеј. Градите ги крие со рацете, но сепак се е така транспарентно и тоа со добар вкус.