Џиџи, Дургутов, Христовски и Миленко и ја скроиле капата на Победа во Нион?
22.04.09 14:33
Поранешниот македонски фудбалски селектор Никола Илиевски Џиџи, поранешниот портпарол на ФФМ, Мијалче Дургутов и Драган Христовски, човекот кој беше тренер на Победа на „наместениот“ меч со Пјуник пред пет години, биле тајните сведоци на УЕФА која ги казни прилепчани со осумгодишна суспензија од нејзините натпреварувања.
Ова го тврди претседателот на Победа Александар Забрчанец кој вчера реши да проговори и со соопштение и се обрати на јавноста. Забрчанец од УЕФА доби доживотна казна, а истото го снајде и тогашниот капитен на тимот Николче Здравевски.
Според Забрчанец, изјавите на Џиџи, Дургутов и Христовски, како и сведочењето на Миленко Неделковски, биле единствениот мотив на УЕФА да го казни неговиот клуб.
„На состанокот во Нион не беше приложен ниту еден валиден доказ со кој би се потврдило дека натпреварот е наместен, како на пример, уплатени пари во обложувачници, изјави од противникот (Пјуник), парична понуда, договор или слично. Обвинението е засновано исклучиво на претпоставки, со основна определена или претходна договорена цел да се казни Победа без материјални докази. Да биде македонската трагедија поголема (бидејќи ова го сфаќаме како тежок удар врз македонскиот фудбал) целокупното обвинение против Победа беше засновано исклучиво врз основа на исказите и изјавите на таканаречените заштитни сведоци-информатори кои не посочија ниту еден конкретен материјален доказ кој укажува за учество на обвинетите во некои договори, местења и слично, со други зборови сè се темели на искази на „кодошите“. Со оглед дека се работи за еден одминат период (2004 година), изјавите содржат инсинуации, претпоставки и сеќавања. Изјави дадени со однапред договорена содржина од страна на домашните нарачатели, изјави нечесни полни со злоба, изјави од македонскиот синдром за уништување и на фудбалски план, изјави за понижување на македонскиот фудбал, и на крајот изјави за остварување на неморални и материјални интереси на поединци под називот – Опозиција на македонскиот фудбал. За кого бијат камбаните, за кого ли работат тие, за чии интереси лажат и кодошат, зарем нема крај на сето ова безумие и алчност на нарачателите и нивните извршители-сведоци. Македонија мора да знае дека кодошите преку македонштината сакаат да спечалат, го продаваат македонскиот фудбал кој не е само Победа, за да ќарат и ќе ќарат, и тоа доживотен жиг, дека се само најдолни кодоши.
Зад Миленко Неделковски, Мијалче Дургутов, Никола Илиевски-Џиџи и Драган Христовски стои голем режисер чија слика заедно со нивните, по завршувањето на жалбената постапка, ќе стои на сајтот на ФК Победа, на секоја прилепска бандера и ќе биде запишан во историјата на прилепскиот и македонскиот фудбал. За да се знае кој е најголем кодош, уништувач на целокупниот македонски спорт, а сето тоа во улога на „опозиција на македонскиот фудбал. Прилеп е најфудбалскиот град во Македонија. Победа ќе постои и без Ацуле и без Николче како што фудбалот се играл и ќе се игра. Но, во историјата на македонскиот фудбал за век и веков ќе остане дека Миленко, Мијалче, Џиџи и Драган се кодоши, дека му нанесоа штета на нашиот фудбал но и на нашата држава. Во светот се наместени и договорени голем број натпревари, тоа било и ќе биде но досега никој како вас не покажа со прст кон „своите“, никој не се „продаде“ за ситни пари за да го уништи македонскиот фудбал и да ја промовира Македонија како држава без чест и образ во светот“ – пишува меѓу другото во соопштението пратено од канцеларијата на прилепскиот клуб.
Во рамки на петтото коло од плеј-офот во Супер лигата ракометарите на Охрид во четврток гостуваат кај екипата на Тиквеш Тиквеш е добра екипа, особено кога играат дома Ќе биде тежок натпревар, се на...
На 19042025 во 18 часот во ОВР Струга лишени од слобода биле 28-годишен жител на Tетово, 25-годишен турски државјани со привремен престој во Скопје, 25-годишен државјанин на Сенегал со привремен пр...
Охрид ќе биде домаќин на групата Г од Купот на Македонија Натпреварите ќе се играат на 27042025 (недела), а распоредот е следен: 1100ч РК Прилеп – ГРК Охрид 1300ч ГРК Тиквеш 2014 – РК А...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.