Кинеската ѕвезда од акционите филмови Џет Ли се здружил со претприемачот Џек Ма, основачот на сајтот Алибаба, во желба заедно да отворат училиште за боречки вештини во туристичкиот град Хангжу, во близина на Шангај. Целта била да се промовира традиционалната кинеска вештина таи чи чуан. Џек Ма минатата седмица го напуштил местото генерален директор на сајтот Алибаба со желба да се посвети на образованието и животната средина. Училиштето било отворено во петокот.


Џет Ли станал познат актер благодарение на познавањето на кунг фу. Играл во филмот „Херој“ и во блокбастерот “The Expandable” заедно со Силвестер Сталоне. Во училиштето ќе можат да се тренираат и други боречки вештини, чии тренизни ќе ги водат големи мајстори.