Американската пејачка и бразилскиот манекен наводно прекинале пред неколку дена. Како причина се наведува тоа дека немале повеќе теми за разговор. Американските медиуми пренесуваат дека прекинале поради млада бразилска манекенка, со која Џесус ја изневерувал Мадона. Кралицата на попот се сомневала и одлучила да изнајми приватен детектив.
Наводно Џесус и манекенката се среќавале во нејзиниот стан на Менхетн. Извор близок на пејачката тврди дека Џесус бил во градот по цели денови и го исклучувал својот мобилен телефон. Мадона едноставно ги поврзала конците. Ја уверувал Мадона дека не ја изневерува, но таа веќе му ги спакувала неговите работи. Биле во врска околу една година.