Џесика Симпсон била толку воодушевена со својата нова животна улога, што изјавила дека секогаш плаче од среќа кога гледа во својата ќерка. Пејачката се породила пред нешто повеќе од една седмица, а веќе била потполно воодушевена од својата ќерка Максвел Дру. Така на својот Твитер профил напишала дека нејзината ќерка е прекрасна и дека е вљубена во неа.

Исто така меѓу другото напишала и дека мајчинството е најдобрата работа која и се случила во животот. Џесика и нејзиниот долгогодишен партнер Ерик Џонсон и понатаму не се венчани, само се верени, но планираат својата врска да ја официјализираат кога нивното девојче малку ќе порасне.