Пејачката Џесика Симпсон на својата службена страница објавила дека на свет го донела девојчето Максвел Дру Џонсон. Напишала дека таа и вереникот се пресреќни, и се заблагодариле на поддршката која ја добиле од своите обожаватели.

Тоа било најдоброто искуство во нивните животи. На американската пејачка терминот за породување и бил на 21 април, но по се изгледа на ќерката не и се брзало. Да потсетиме, на Џесика и на нејзиниот вереник ова им е прво дете.