Синоќа, сексапилната блондинка Џесика Симпсон ја прослави 10 годишнината од лансирањето на својот бренд, колекцијата Симсон во Њујорк. Облечена во црно-сина комбинација составена од целосни пантолони со високи потпетици, поранешната пејачка блескаше покрај нејзиниот сопруг, Ерик Џонсон.

Џесика и гостите после цереномијата, продолжија да се забавуваат на забавата организирана од нејзините родители Џо и Тина, кои се разведоа во 2013-тата.

За нејзината колекција, вредна 150 милиони долари, која се состои од 30 производи таа изјави:-Се уште луѓето не ме сфаќаат доволно сериозно како дел од светот на модата.Се надевам дека во следните 10 години ќе се смени нивниот став. Моите чевли и парфеми веќе се промовираат на билбордите на Times Square, што ми причинува неизмерно задоволство.

Џесика додаде дека би сакала еден ден повторно да се врати на сцената и да се посвети на пеење. Таа откри дека веќе се при крај подготовките за отворање на нејзиното ново студио кое ќе биде во нејзиниот дом и дека ќе сними албум за Primary Wave Music.

Џесика Симпсон која има две деца , тригодишната ќерка Максвел и двегодишен син, за магазинот   Womens Wear Daily изјави:

-Кога размислував што вистински сакам, сфатив дека е најдобро да имам моја модна линија на чевли затоа што имам ужасно голема страст кон чевлите, особено со високи потпетици. Инаку по природа сум многу отворена и искрена личност. Моето семејство и пријателите ме исполнуваат и ми влијаат многу во се што правам затоа што сум приврзана за нив. Но тоа што сум искрена и отворена , ме заштитува од предрасуди во светот на модниот дизајн.

OhridNews

Извор:Dailymail.co.uk