Џесика Симпсон по првото породување се појавила на насловната страна на списанието „ОК“ со бебе, но се воспоставило туѓо. Таа позирала со обожавател и неговото бебе, а подоцна фотографијата ја продала тврдејќи дека на неа е со својата ќерка Максвел. Човекот од Луизијана, Кристофер Хуртс, чие дете Џесика го искористила како свое, одлучил да ја тужи, неа, списанието и агенцијата која ја продала фотографијата.
ТРврдел дека отишол со ќерката тинејџерка и малото бебе на една промоција на која била Џесика. Во еден момент се појавил фотограф и почнал да фотографира. Неколку месеци подоцна, кога пејачката се породила, човекот го препознал своето дете на фотографијата. Џесика наводно за тие фотографии добила 800 илјади долари, а тој барал оштета од 75 илјади.