Божик веќе пристигнал за Џесика Симпсон во вид на скапоцен и неочекуван подарок. Американската пејачка и актерка е поторно бремена и тоа само седум месеци по раѓањето на своето прво дете, ќерката Максвел Дру Џонсон.
Според медиумуите, таа и нејзиниот вереник и поранешен рагби играч Ерик Џонсон го чекаат своето второ дете. Извор близок на парот рекол дека не било планирано, но Џесика повторно била бремена и била пресреќна поради тоа. Верени се веќе две години, а поради новата принова ќе мораат уште еднаш да ја одложат свадбата, а како што стојат работите актерката ќе мора да прекине со диетата со чија помош изгубила повеќе од 20 килограми.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com