Пејачката и актерка Џесика Симпсон судбоносното да ќе го изговори на 11 ноември 2011 година во 11 часот и 11 минути, соопштиле странските медиуми. Џесика планира нејзината венчавка со Ерик Џонсон да биде новата венчавка на векот.


Таа како што шпекулираат медиумите за својата свадба ќе потроши милион долари, а церемонијата ќе се одржи на хавајскиот романтичен остров Кауаи. Џесика И Ерик се вериле во ноември минатата година. Таа претходно била во брак со Ник Лахеј.