Џесика Симпсон се покажала како многу дарежлива личност. Имено, во еден ресторан оставила напојница од 300 долари. Ручала со својата асистентка, мајката и двајца пријатели во италијански ресторан во Њујорк. Како што пренесуваат медиумите, Џесика покрај напојницата оставила и порака за келнерите.


Во пораката пишувало дека вработените навистина биле прекрасни и дека го правеле овој свет поубав. На крајот напишала „Џес со љубов“. Актерката и пејачка која неодамна се верила со Ерик Џонсон наводно на келнерката и рекла дека имала тежок ден на работа, па нарачала виски стар 18 години.