Актерката, воедно и пејачка, Џесика Симпсон, својата долга руса коса ја мие со шампон само два или три пати месечно, бидејќи така ја советувал нејзиниот фризер Кен Пејвс, а на косата нанесува парфеми за да го прекрие мирисот.
„Нејзините локни воглавно се масни но таа тоа добро го прикрива. Носи шешири или го употребува ‘Hairdo’, производ кој го креирала заедно со Кене. Ако од косата почне да се шири непријатен мисрис, таа косата ја прска со парфем.“-кажува нејзин близок извор.


Џесика не е единствената која се возрдржува од миење на косата. Британската актерка Емили Мортимер неодамна изјавила дека го користи ‘Batiste Dry Shampoo’ бидејќи мрази да ја мие косата.
“Живеам многу нездраво. Ретко кога се шишам и го користам ‘Batiste Dry Shampoo’ за да не морам постојано да ја мијам косата“-признава актерката Емили Мортимер.