Џесика Симпсон ставила фотографии на кои позира со своето четиримесечно девојче Максвел и вереникот Ерик. Американската актерка и пејачка на својот блог ја прокоментирала улогата на мајка. Напишала дека најважно и е детето да биде здраво, и дека не треба очекувањата од своите деца да ги мериме со другите деца.
Открила дека на почетокот имала медицинска сестра која ја чувала Максвел ноќе. Таа низ смеа рекла дека нема дадилка, но дека кога излегла од болница имала медицинска сестра која се грижела за бебето. Џесика Симпсон по породувањето имала проблем со тежината. Во последниве месец дена успеала да симне близу 20 килограми, и како што рекла сеуште не го постигнала посакуваниот резултат.