Џесика Симпсон конечно признала дека е бремена, како и дека наскоро ќе стане мајка на девојче. Џесика, која е верена со безбол играчот Ерик Џонсон, долго криела дека е во блажена состојба, но конечно стигнала потврда за нејзината бременост.
Медиумите веќе некое време пишувале дека пејачката нешто крие, бидејќи се здебелила и почнала да носи облека која и го криела стомакот. Таа и Ерик требало да направат луксузна свадба од два милиони долари на крајот од годинава, но во меѓувреме се откажале, а сега се нагаѓа дека парот првенствено ќе се посвети на припреми за доаѓање на бебето на свет, како и дека свадбата ќе почека уште некое време.