Популарниот пејач и актер Џастин Тимбрлејк и актерката Џесика Беил, по две години брак го очекуваат првото дете, пренесоа американските медиуми.
На неодамнешната роденденска прослава на пејачката Тејлор Свифт, на која присуствуваа Тимбрлејк и Беил, негов поранешен колега од групата „NSYNC“ на американските медиуми им откри дека двојката очекува бебе.
– Неодамна ми кажа, и, секако, јас морав да молчам. Но, сега можеме да зборуваме за тоа, рече Џои Фатон за „People“.
Тимбрлејк и Џесика се венчаа на 19 октомври 2012 година.
OhridNews
Извор:„Зазабава“