Актерката Џеиска Бил се породи пред нешто повеќе од три месеци, а дури неодамна папараците успеаа да ги фотографираат гордите родители заедно. Џесика и Џастин се видени пред една ветеринарна станица во Лос Анџелес, а убавата актерка покажа дека и беа потребни само три месеци да ја врати својата совршена фигура која ја имаше пред бременоста.
Џесика, која во април оваа година на свет го донесе момчето Сил Рендал, не ги запостави професионалните обврски ниту за време на породувањето, а после породувањето парот објави дека сакаат да го растат детето во Монтана, далеку од холивудските рефлектори. Извор близок до парот вели дека Џесика себеси се гледа како мајка на момче, така што одлично се снајде во новата улога.