Џесика Бел не се појавува често на премиери и свечености, но кога сепак ќе одлучи да се појави, тогаш се труди да заблеска. Згодната сопруга на Џастин Тимберлејк избрала бел Гучи фустан икрасен со богата огрлица. Тоа бил вистински избор за нејзиното цврсто тело, а за погледот се погрижила силната шминка и синиот молив под очите.

Очигледно е дека Џесика будно ги следи најновите модни трендови. Свеченоста во Њујорк се одржала во чест на актерката тилда Свинтон, а дружењето не го пропуштиле ниту славниот дизајнер на Шанел Карл Лагерфелд, уредничката на вог Ана Винтур, моделот Карла Клос, режисерката Софија Копола и многу други.