Џесика очајнички посакува да се смири и да добие деца. Смета дека би било идеално да ги има со нејзиното момче Џастин Тимберлејк. Наводно таа со седмици му зборува на актерот дека сака да се омажи, но и дека ќе биде задоволна и ако само и направи дете.
Откако на почетокот на годинава накратко ја прекинале врската, која трае три години, одлучиле да си пружат уште по една шанса. Џастин во меѓувреме повторно се зближил со поранешната девојка Камерон Диаз. Мајката на актерот ја обожава Џесика и сака да се венчаат и да имаат деца.