Актерката Џесика Бел после неодамнешната венчавка со Џастин Тимберлејк во шоуто на Елен Деџенерис изјавила дека во бракот најдобро и е тоа што може да каже дека е сопруга на Џастин. Таа продолжила со своите изјави во медиумите дека во бракот се чувствува прекрасно.
Рекла дека убавината на бракот е тоа што сите добри и лоши авантури има со кого да ги поделите. Кога новинарката ја запрашала на какви авантури мисли, таа рекла, па на пример имате со кого да пливате голи во базен и такви ситници.