Американската актерка Џесика Бел наскоро ќе почне да се припрема за качување на највисокиот врв во Африка, Килиманџаро. Џесика се одлучила на овој потег кога била повикана од една хуманитарна организација која се бори за зачувување на водата за пиење.
Експедицијата на врвот висок скоро 6000 метри закажана е за почетокот на следната година. Момчето на актерката, Џастин Тимберлејк наводно најавил дека и тој ќе се придружи на хуманитарната акција.