Џастин Тимберлејк и Џесика Бел кои се вериле на крајот од минатата година моментално составуваат предбрачен договор. Џесика сакала договорот да опфаќа и ставка според која џастин, во случај на неверство, би морал да и исплати половина милион долари.
Актерката сеуште не стекнала целосна доверба во својот иден сопруг, бидејќи во текот на четиригодишната врска повеќе пати ја изневерувал. На Џастин таа идеја не му се допаднала многу, бидејќи не сакал предбрачниот договор да се однесува исклучиво на финансии.