Актерскиот и брачен пар Џесика Бел и Џастин Тимберлејк, кои минатиот петок официјално стапиле во брак на југот од италија, не сакале ниту на гостите да им ја откријат точната локација на својата венчавка. Поканетите гости пет дена пред церемонијата допатувале во Франкфурт каде чекале понатамошни упатства. Новопечениот брачен пар инсистирал на тоа свечениот чин да мине далеку од очите на јавноста. Колку биле сериозни во намерата покажува и фактот рефлекторите околу црквата цело време биле вклучени, како љубопитните минувачи не би виделе ниту најмал дел од церемонијата.

Кога гостите, меѓу кои биле и Енди Семберг, Крис Кикпатрик и Ленс Бас пристигнале на конечната дестинација, била одржана свечената церемонија која чинела шест милиони долари.