Џесика Бел допатувала во Кан како поддршка за својот сопруг Џастин Тимберлејк на светската премиера на филмот „Inside Llewyn Davis” . Меѓутоа, на крајот таа била главна атракција на црвениот тепих благодарение на прекрасниот изглед и фустан.

Американската актерка се издвоила во одност на вообичаените стилови на црвениот тепих во богато украсен матурски фустан од марката Марчес со средна должина и подсукња од пердуви. Стајлингот го надополнила со огрлица во  форма на змија и чанта уркасена со дијаманти.