Само пет дена откако ја прекинала четиригодишната врска со Џастин Тимберлејк, Џесика Бел уловила ново момче. Станува збор за Џерард Батлер, со кој Џесика го снима филмот “Playing the Field”. Тие двајца, имено, биле многу блиски на роденденската прослава на некој заеднички колега во јапоснки ресторан во Луизијана.
Само две ноќи подоцна, тие двајца биле забележани како пијат коктели во еден мексикански ресторан, а наводно оваа седмица веќе два пати биле на вечера. И додека многумина погодуваат дали тие двајца се во врска, извор близок на актерката тврди дека Џесика за сега сака само да бидат добри пријатели.