Холивудската актерка Џесика Алба, која наскоро се враќа на големото платно во улогата на провокативната стриптизета Ненси во продолжението на филмот „Град на гревовите“, станала заштитно лице на производите за нега на жените „Браун“. Освен поради огромниот хонорар, актерката се согласила да ја рекламира оваа козметичка линија бидејќи е познат борец за женските права и сака да пренесе порака на припадничките на понежниот пол како од внатре и однадвор да блескаат со самодоверба.
Маркетинг директорот на „Браун“, Алесандра Долфини порачала дека Џесика е совршен амбасадор за претставување на улогата која ја имаат убавината и нивните производи, помагајќи им на жените да се чувствуваат добро. Се восхитуваат на нејзиниот талент и способност да води успешна кариера, а истовремено да биде добра мајка на своите две деца.