Иако на многу листи на престижните светски списанија често е ословувана како најубава и најсекси жена на светот, холивудската ѕвезда признава дека не може да се согласи со нејзината медоумска слика и дека има проблеми со самодовербата. Џесика Алба тврди дека со години била несигурна во врска со својот изглед и дека стилистите ја научиле како да го истакне она најдоброто на нејзиното тело, а да ги сокрие недостатоците.
Таа открила дека чувствува голем притисок, бидејќи медиумите створиле нереална слика за неа како совршена жена. Вели дека не е поинаква од другите и дека има целулит и стрии. Заклучила дека изгледа многу полошо од она како луѓето ја гледаат кога ќе се прошета по црвениот тепих.