Актерката Џесика Алба позирала за насловната страна на списанието “Latina”, а во интервјуто кое го дала открила дека ужива во фактот што наскоро по втор пат ќе стане мајка. Алба, која од бракот со продуцентот Кеш Ворен веќе има тригодишна ќерка, едвај чека да стане мајка по втор пат, а втората бременост ја поднесува многу подобро од првата. Првиот пат се и било ново и застрашувачко, и стално се грижела дали бебето е добро и дали дише. Сега се и било познато и немала такви стравови.
На прашањето како ќе успее да ги усогласи приватниот живот и кариерата кога и второто дете ќе го донесе на свет, актерката одговорила дека доколу е потребно за семејството секогаш би одбила понуда за работа. Изјавила дека ја сака својата работа, но и дека не сака да биде далеку од своите деца. На крајот истакнала дека работата повеќе не е единственото нешто кое го има во животот.