Актерката Џесика Алба моментално е на одмор во Италија со своите најмили, каде отишла поради фестивалот Giffoni Film.
Сите кои ја виделе актерката во бикини на базенот во хотелот Санта Катерина во Италија, пријатно се изненадиле од нејзината опуштеност. Убавата ѕвезда без комплекси ја покажала својата прекрасна линија, и уживала во капењето со ќеркичките Хонор Мери и Хевн Гарнер кои ги има со сопругот Кеш Ворен. Друштво им правеле дадилката и мајката на Алба, Катерина.
Убавата актерка и нејзините ќерки целото попладне го поминале на базен, а во текот на вечерта уживале во разгледување на градот, јаделе специјалитети и сладолед. Џесика го споила удобното и корисното, па за време на престојот во Италија го посетила фестивалот Giffoni Film.