Џесика Алба според многумина е една од најубавите холивудски актерки, но додека голем број фанови можат само да сонуваат за неа, еден среќник ја има таа привилегија да го дели животот со неа. Убавата Џесика и нејзиниот сопруг Кеш Ворен “побегнаа“ на Хаваите каде одмараат во друштво на ќерките Хонор и Хевен, а ниту во јавност не кријат дека љубовта сеуште им цвета.
Парот и на плажа разменуваше нежни бакнежи и прегратки. Алба во неодамна дадено интервју призна дека во периодот на детството и младоста се однеусвала како машко, и не знаела да се носи со својата женска страна. Призна дека била мускулеста, лута и не знаела што со себе кога почнале да и растат градите. Не била онаква каква што ја претставувале во филмовите. Дури после дваесеттите научила како да се носи со својата женственост. Нејзиниот сопруг ја поддржува во се, а колку се сакаат покажуваат и фотографиите на социјалните мрежи.