Атрактивната актерка која се породила минатата седмица и добила ќерка, изјавила дека се надева како нејзината следна улога ќе биде во акционен филм, слична на онаа која ја имала во серијата “Dark Angel”. Џесика, која минатиот викенд го добила второто дете со сопругот Кеш Ворен, веќе започнала да размислува за своите следни проекти.


Таа изјавила дека би сакала да заигра во некоја акција, со оглед на тоа што не работела уште од серијата “Dark Angel”. Додала дека е голем фан на филмовите „Деца шпиуни“, бидејќи не само и возрасните, туку и децата правеле некои работи за да го спасат светот.