Американската актерка пред помалку од две години ја роди ќерката Хонор Мари. Џесика преку Твитер често открива дека многу ужива во мајчинството. Неодамна гостувала во една емисија каде најавила принова во семејството.


Рекла дека пораснала во големо семејство и дека нејзината мајка сакала уште деца. Тоа ја инспирирало и сега сака да посвои дете. Вели дека доколку имаш доволно љубов и способност да сакаш деца, тогаш треба и да посвоиш. Таа е во брак со продуцентот Кеш Ворен.