Холивудската актерка со својата појава на црвениот тепих ги засенила сите останати и ги оставила мажите без здив. Џесика блескала во син фустан, со уште поблескава насмевка на премиерата на филмот „Град на гревовите: Дама за убивање“. Така Холивуд стана побогат за уште една премиера и дефиле на познати актери по црвениот тепих.

Актерката се појавила во друштво на сопругот Крис Ворен со кој е во брак веќе шест години. Алба глумеше и во првиот дел на филмот, кој доби сјајни оценки, како кај критичарите, така и кај пуликата. И во продолжението ја толкува улогата на стриптизетата Ненси Калахан. Покрај неа, се појавила и останатите колеги од ова филмско остварување, а единствена која може да се натпреварува со Џесика по сексипилот била заносната Ева Грин.