Актерката Џесика Алба веќе е мајка на тригодишната ќерка Онор Мари, а во саботата родила уште една ќерка и и дала име Хевен Гарнер. Среќната вест ја објавила на својот профил на фејсбук. Таа на своите обожаватели им напишала дека се надева како уживаат во викендот. Потоа пишувало дека таа и сопругот Кеш се пресреќни што можат да објават дека им се родила уште една ќерка и дека девојчето тежело 3,2 килограми.


Постарата сестричка била многу возбудена поради нејзиното доаѓање на свет. Џесика се заблагодарила на сите за поддршката која ја добивала од фановите, пријателите и семејството за време на нејзината бременсот. Џесика Алба и Кеш Ворен се во брак од 2008 година.