Џесика Алба, која го чека своето второ дете, изјавила дека по породувањето нема да се труди да ослаби по секоја цена, бидејќи го сакала своето тело какво и да е. Во интервјуто за списанието “Allure”, актерката открила дека не очекува по породувањето да ја поврати својата стара фигура, но и дека нема премногу да се обидува.
Таа рекла дека никогаш нема да може да се врати на тежината која ја имала пред првото породување, и дека тоа не е можно освен ако не сте Жизел Бундшен. Таа исто така додала дека постои причина зошто жените имаат гради, и дека нема да се труди да ги намали. Таа изјавила дека дека кога на мажот го привлекуваат одредени делови од женското тело, позади сето тоа стои науката и природата и не треба да се оди против тоа.