Веќе некое време Џесика Алба ужива на одмор на Карибите, и затоа папараците славната актерка не ја испуштаат од вид.

Но, таа не се замара со објективите, и со сопругот Крис Ворен и пријателите ужива во летните радости.

Таа за својата летна авантура облекла виолетов костум за капење кој уште еднаш докажал дека таа има тело какво што секој може да посака.

Со насмевка на лицето уживајќи со најблиските, таа скокала во водата, а бидејќи скоковите не и биле највешти, друштвото добро се смеело.

Кога се замориле, актерката со сопругот отишла да има малку приватност. Мора да се признае дека таа е вистинска убавица.