Холивудската убавица Џесика Алба е новото лице од насловната на списанието GQ, а во новото британско издание открила дека и таа како и секога друга жена има мали несигурности околу својот изглед. 33-годишната ѕвезда на филмот ‘Sin City: A Dame to Kill’ вели дека доколку мора да бира омилен дел од телото тогаш тоа е стомакот. Не е баш сигурна во своите нозе, но никогаш не би го покрила својот рамен стомак. Вели дека така прават сите жени, го нагласуваат она што е добро на нивното тело.
Џесика родила две деца, а својата витка фигура на вратила со вежбање. За новото продолжение на Син Сити се припремила танцувајќи и по неколку часа дневно, а освен за тој филм се припремала и за ‘Into The Blue’, филм со трагично починатиот Пол Вокер за кој има само пофални зборови, и за кој вели дека бил сјаен тип и никогаш не му било гајле за Холивуд и целата таа прашина.