Актерката Џесика Алба ја советувала Бијонсе да ги продаде фотографиите од својата ќерка Блу Ајви Картер како би си го олеснила животот и би се спасила од нападите на папараците. Џесика Алба откако станала мајка сакала да ги избегне упорните папараци, па веднаш ги продала фотографиите од својата ќерка и така си ги скратила маките.

Имено, Џесика не сакала да ја следат папараци кога за прв пат излегла на прошетка со својата ќерка. Парите кои ги добила за фотографиите ги ставила на сметките на нејзините две ќерки. Објаснила дека кога ќе пораснат со нив ќе можат да прават што сакаат. Истото го направила и Анџелина Џоли, но таа парите ги уплатила во хуманитарни цели.